Стабилноста на еврозоната ќе се доведе во прашање доколку новата италијанска Влада не ги почитува финансиските обврски, изјави францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.
– Ако новата влада ризикува и не ги почитува обврските во врска со долгот и дефицитот, но и со „чистењето“ на банките, тоа ќе биде закана за финансиската стабилност на еврозоната. Сите мора да знаат дека иднината на Италија е во Европа, а ако е така, тогаш правилата мора да се почитуваат- рече Ле Мер.
Брисел реагира поради најавата на новата италијанска коалиција за натамошно зголемување на јавните трошоци, а Италија веќе е презадолжена.