Oбвинение за силување и за францускиот режисер Лик Бесон

Лик Бесон категорички го отфрла ова измислено обвинување, рече неговиот адвокат Тјер Марембер.

185

Познатиот француски режисер Лик Бесон (59) е обвинет за силување од страна на анонимна актерка. Бесон тврди дека станува збор за измислици.

Полицијата во Франција ги истражува наводите на актерката, која ги искажа во полициска станица во петокот.

– Лик Бесон категорички го отфрла ова измислено обвинување- рече неговиот адвокат Тјер Марембер.

Според адвокатот, тоа се обвинувања од личност која Бесон ја познава и никогаш спрема неа не се однесувал непристојно.

Бесон е познат по филмот од 1988 година „Големото синило“, како и „Леон“, „Подземна железница“, „Петтиот елемент“ и акциониот трилер „Никита“.

Неодамна потпиша режирање на филмот „Валеријан и градот со 1.000 планети“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...