Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.
Абас (83) во вторникот имаше операција на увото и по неколку часа беше пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.
Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.
Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.
Тој нема одредено свој наследник, а Палестинците немаат претседателски избори од 2005 година.