Харадинај: Признавањето од страна на Белград не е поврзано со српските општини

Харадинај синоќа во интервју за РТК нагласи дека признавањето на Косово од Србија и формирањето на Заедницата се одвоени прашања.

187

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Заедницата на општинтие со мнозинско српско население ќе се формира согласно косовските закони, за што се залага и официјален Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај синоќа во интервју за РТК нагласи дека признавањето на Косово од Србија и формирањето на Заедницата се одвоени прашања.

– Тоа се одвоени прашања. Првото се случува во Косово и од страна на Косово. Заедницата е дело на Косово во согласност со косовскиот Устав и законите. Прашањето на меѓусебното признавање во случајов е билатерално прашање. И заедницата произлегува од дијалогот, но сепак е нешто што се случува само во Косово. Формирањето и спроведувањето е во Косово, додека меѓусебното признавање не имплицира нас, Србија и другите страни – рече Харадинај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...