Турската актерка со германско потекло, која кај нас е позната по улогата на Хурем Султан од серијата „Величествениот“, Мерјем Узерли присуствуваше на премиерата на филмот „BlacKkKlansman“ на Канскиот филмски фестивал.
На црвениот тепих, 34-годишната актерка се појави во розова креација од Raisa & Vanessa украсена со сваровски кристали.