Американката Меган Маркл се венчава со британскиот принц Хари. Венчавката е во тек, а медиумите ги објавија првите фотографии од Меган како оди кон катедралата во Виндзор.
Таа носи венчаница на британската дизајнерка Клер Вејт Келер, креативна директорка на „Живанши“, со долг превез со чипка и тиара што ѝ ја позајми кралицата Елизабета Втора.