Аутизмот секогаш го следат и други болести

Обично се јавуваат проблеми со имунитетот, спиењето, варењето, а доаѓа и до развој на генетски и психијатриски болести.

129

Кај лицата што боледуваат од аутизам, покрај сите тешкотии што го следат, постои и голема веројатност за појава и на други здравствени проблеми.

Покрај ова развојно пореметување најчесто доаѓа и до појава на разни коморбидитети, односно, болести кои настануваат како симптом на некоја друга болест, во овој случај на аутизмот.

До појавата на различни здравствени проблеми доаѓа главно кај нешто потешките случаи на аутизам или заради слабо реагирање на терапијата. Кај овие лица најчесто се јавуваат епилепсија, психијатриски и генетски пореметувања, проблеми со спиењето, варењето и имунитетот.

Резултатите на одделни истражувања покажуваат значително поголема зачестеност на алергиски и автоимуни заболувања кај лицата со аутизам.

Кај нив е значително зголемен ризикот од астма, алергиски ринитис, атописки дерматитис, уртикарии, дијабетес тип 1 и Кронова болест. Кога станува збор за пореметувања на спиењето ваков проблем имаат помеѓу 44 и 83 отсто од децата со аутизам. Кај нив најчесто се јавува инсомнија, и постојат тешкотии при заспивањето и одржувањето на сонот.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...