Само тројца преживеани од Боингот кој се урна во Хавана ВИДЕА ГАЛЕРИЈА

667

Авион од типот „Боинг 737-200“ на компанијата „Кубана де Авиасион“ со 104 патници и членови на екипажот се урна денеска набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“.

Како што јави ДПА, авионот бил на лет од Хавана до градот Олгин во источниот дел на Куба.

Засега нема официјални информации за бројката на загинати, но според кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел, при падот на авионот има „голем број“ жртви.

Неименуван кубански воен офицер изјавил дека при падот на авионот преживеале само тројца, кои се во критична состојба, пренесува АП.

Авионот се урнал 12.8 часот по локално време (18.8 по средноевропско време) во близина на селото Сантијаго де Ла Вегас, на околу 20 километри јужно од Хавана.

Кон местото на падот на авионот се упатиле полицајци, екипи на Брзата помош и противпожарни возила.

Причините за уривањето на авионот засега не се познати, но набрзо по инциднетот авиокопанијата „Кубана де Авиасион“ приоземји некои од нејзините летала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...