Путин ја именува новата Влада на Русија

111
Pgoto: EPA / YURI KOCHETKOV

Рускиот претседтел Владимир Путин денеска потпиша Декрет со кој ја именува новата Влада на премиерот Дмитриј Медведев.

Со посебни декрети Путин го одобри и именувањето на 10-мината заменици-премиери и 20-те министри во владиниот Кабинет.

Претходно денеска, Медведев на Путин му ја достави листата на кандидати за министери во неговата Влада

Во новата Влада на своите досегашни функции остануваат министрите за надворешни работи Сергеј Лавров, за одбрана Сергеј Шојгу и за внатрешни работи Владимир Колокољцев.

Своите министерски финкции во ноиот Кабинет ги задржуваат и првите луѓе на ресорите правда – Александар Коновалов, енергетика – Александар Новак, економија – Максим Орешкин и спорт – Павел Колобков.

Нов министер за развој на Далечниот Исток е Алекандер Козлов, актуелен гувернер на провинцијата Амур, за вонредна состојба Евгениј Зиничев, а за земјоделство Дмитриј Патрушев.

Фото: EPA/YURI KOCHETKOV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...