Национален натпревар на ученички компании

Најдобрата ученичка компанија ќе учествува на Европското финале на најдобри ученички компании.

100

Национален натпревар на 11 ученички компании од десет средни училишта од Македонија се одржува денеска во Скопје, со учество на 55 средношколци и нивните ментори наставници од Битола, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Скопје, Валандово и Велес.

Најдобрата ученичка компанија ќе учествува на Европското финале на најдобри ученички компании.

Оваа година домаќин на Европското финале е Џуниор Аџивмент Србија, каде од 16 до19 јули, во Белград, ќе се одржи натпреварот на финалистите од 36 земји членки на Џуниор Ачивмент мрежата.

Натпреварот финансиски е подржан од Американската агенција за меѓународен развој, а се реализира од организацијата Џуниор Ачивмент Македонија – член на светската мрежа Junior Achievement Worldwide, основана 1919. Главната цел на натпреварот е средношколците кои беа дел од образовната програма да го покажат своето искуство во менаџирање на ученичка компанија, стекнатото знаење и претприемнички вештини.

Ученичка компанија е образовна програма која се спроведува како вон наставна активност во средните училишта. Таа им овозможува на учениците да бидат вклучени во развојот и менаџирањето на сопствените компании, со вистински производи и услуги и да управуваат со заработката од пари за време на средното образование.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...