Лансирана првата ракета-носач изработена од приватна кинеска компанија (ВИДЕО)

Компанијата е основана 2015 година, согласно политиката на кинеските власти да ги поттикне комерцијалните вселенски летови и активноста на приватните компании во оваа област.

94

Кина успешно ја лансираше „Чонгквинг Лијангжијанг Стар“ – првата ракета-носач изработена од приватна компанија. Се работи за проект на пекингшката компанија „Уан Спејс текнолоџи”.

Како што пренесува БТА, ракетата има мотор со тврдо гориво, безжичен интернет, а контролните системи се прилагодуваат според потребите на клиентот. Леталото има носивост од 100 килограми товар на растојание од 800 километри од планетата Земја.

Компанијата е основана 2015 година, согласно политиката на кинеските власти да ги поттикне комерцијалните вселенски летови и активноста на приватните компании во оваа област. Стремежот е до 2022 година оваа азиска држава да има своја постојана вселенска станица, како и истражување на Марс во периодот 2020 – 2025.

Предидено е „Уан Спејс” да лансира десет ракети-носачи наредната 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...