Илјадници бразилски полицајци апселе повеќе од 250 лица осомничени за детска порнографија

Во операцијата учествувале илјадници полицајци во 24 држави кои спровеле повеќе од 500 налози за апсење .

82

Бразилската полиција уапси повеќе од 250 лица во најголемата операција во историјата на земјата против детска порнографија.

Во операцијата учествувале илјадници полицајци во 24 држави кои спровеле повеќе од 500 налози за апсење на луѓе кои поседуваат или објавуваат детска порнографија, соопшти Министерството за јавна безбедност.

Во тек е анализа на повеќе од еден милион документи кои биле запленети во текот на вчерашната операција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...