Живот како божја казна, вели најстарата жена на светот

579

Најстарата жена на светот која треба да наполни 129 години, русинката Коку Истамбулова не му се радува на роденденот. Таа вели дека секој ден за неа е казна.

Истамбулова е родена и живее во Чеченија и како што вели не памети ниту еден среќен ден во животот и се чуди зошто живее толку долго. Во личната карта е напишано дека е родена на 1. јуни 1889 година .

– Гледам луѓе кои спортуваат и внимаваат што јадат за да проживеат волку долго, а јас ништо од тоа не сум правела и не знам како толку долго останав жива. Животот не ми беше среќен. Секогаш напорно работев,  ја обработував земјата . Уморна сум . Долгиот живот за мене не е божји дар,  туку казна – вели Истамбулова , која не јаде месо, а претежно се храни со млечни производи.

Ги изгубила децата, едниот син кога имал шест години, а единствената ќерка починала пред пет години , кога имала 104. Бабичката се сеќава и на исчамските правила во Чеченија.

– Баба ми ме тепаше , ако не ми беше марамата добро врзана . Кога дојдоа советите, жените почнаа полежерно да се облекуваат. Ми е жал што веќе не сум мртва. Цел живот напорно работев и никогаш немав време за уживање или забава. Кога Работев деновите побргу ми минуваа, но сега веќе не можам да работам . Во целиот свој живот немав ниту еден среќен ден –  раскажува најтарата жена на светот.

Според пензискиот фонд на Русија во земјата живеат 37 лица постари од 110 години, а најбројни се во Чеченија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...