Кефир: за подобро здравје за мали и за големи, за слабеење и за трезнење

Кефирот е ферментиран млечен производ направен од „зрнца“ кои содржат бактерии и квасец. Во Русија со задоволство го пијат и децата и возрасните, се наоѓа на менијата на детските градинки и во болниците, а го пијат и сите кои сакаат да ослабнат или да се отрезнат.

644

Кефирот е кисел и благо горчлив напиток, но здрав е и освежува. Во основа е ферментирано кравјо, козјо или овчо млеко и кефирови зрна кои се всушност склоп на бактерии и габички, кои живеат во симбиоза и се одговорни за ферментацијата на млекото.

Сите Руси се горди на овој национален напиток,  кој најпрвин се правел на Кавказ, во вреќа од козја кожа обесена близу до влезната врата. Секој кој минувал покрај неа морал да ја удира за млекото подобро да се помеша со кефирните зрнца. Видовите на кефир се разликуваат најпрвин по староста, но и по други критериуми – нивото на киселост, количината на јреглен-диоксид, па дури и алкохол (од 0,2 до 0,6 проценти).

Кефирот првпат официјално се споменува во извештај на Кавкаското медицинско друштво од 1867. година.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...