Силна експлозивна ерупција на вулканот Килауеа на Хаваите која се случила денеска, исфрлила пепел во вина од 9.100 метри во воздухот, пренесува АФП.
Локалното население е евакуирано, а ерупцијата се случила околу 17 часот по средноевропско време.
Вулканот почнал со страотни ерупции пред две недели, а лавата веќе уништила десетина куќи.
Ова е еден од петте активни вулкани на Хаваите.