Горан Петровиќ (48) вечерва загина во пад на спортски авион кај аеродромот „13 Мај“ во Земун Поље.
Идентитетот на жената која била со него во авионот се уште не е познат.
Петровиќ бил искусен пилот со огромно искуство кој обожавал авиони летање. Зад себе остави сопруга и две деца.
Падот на авионот е пријавен во итната помош во 19 часот. Се обиделе со реанимација, но за жал можеле само да констатираат смрт кај пилотот и неговата сопатничка.
Екипата на итната помош го напуштила местото на несреќата, останала само полицијата.
Фото: Курир.рс