Во понеделник почнува изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

471

Австриската фирма „Штрабаг“ од понеделник стратува со изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Компанијата во соопштение до медиумите апелира до сите возачи внимателно да возат, да ја прилагодуваат брзината и да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација.

Компанијата „Штрабаг“ е избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој. Таа доставила најниска понуда во вредност од околу 27 милиони евра за изградба на патниот правец во должина од 23,5 километри.

Новиот експресен пат ќе има две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри. Изградбата на овој експресен пат, кој ќе овозможи побрз транспорт на патници, но и на земјоделските производи од струмичкиот и радовишкиот регион треба ад заврши во рок од три години , а новата траса ќе почнува од клучката за штипскиот Затвор и село Софилари до клучката кај радовишкото село Бучим.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...