Редок син дијамант, што изминативе 300 години бил во сопственост на неколку европски кралски куќи, е продаден на аукција во Женева за 6,7 милиони долари.
Елизабет Фарнес, ќерка на војводата од Парма, го добила дијамантот „Фарнес блу” во 1715 година, кога се венчала за шпанскиот крал Филип Петти. Скапоцениот камен потоа се предавал „од колено на колено” во Франција, Италија и Австрија.
Тој има 6,1 карат и потекнува од рудникот за дијаманти Голконда во Индија.
Наддавањето за него траело само четири минути, а првичната цена била 3,5 милиони долари.
– Очекувавме добар резултат, но почнавме од 3,5 милиони и завршивме на 6,7 милиони, што ги надмина нашите очекувања, изјави Даниела Мачети, претставничка на аукциската куќа Сотесби.
Се наведува дека дијамантот некогаш бил дел од тијарата на француската кралица Марија Антоанета.