Што да правите кога вашето дете прави нешто погрешно, а вие не знаете како да излезете на крај со него?
Вашето упорно повторување „не прави ова, не прави она и слично“, очигледно нема ефект.
Иако знаете дека мора да поставите некаква граница кога го воспитувате своето дете, кога ќе дојдете во ситуација да се чувствувате беспомошно затоа што вашето дете едноставно не слуша ништо, размислете да го смените пристапот.
Некои работи треба да ги забраните поради неговата безбедност, некои пак затоа што е премногу мало, некои затоа што сметате дека не се во ред. Но проблемот е во тоа што ако постојано му велите „не“, нема да постигнете ништо. Но тоа веќе го знаете.
На пример, ако вашето дете си игра со оган. Секако дека ќе му кажете „немој“! Но нели е подобро да му кажете само: „тргни се настрана“?
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.