Учеството на Македонија под уставното име на настан во Брисел, организиран од Европската народна партија, чиј член е најголемата грчка опозициска партија, е причина од СИРИЗА да упатат остри критики до Нова демократија.
Станува збор за настанот „Brussels tastes the Balkans“ односно дегустација на балканската кујна во Брисел, што ќе се одржи на 22 мај со учество на девет ресторани од девет земји, а во најавниот флаер, Македонија е под уставното име.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, од СИРИЗА преку соопштение ја обвинуваат Нова демократија за „хипокризија што стигнува до гранцата на провокација за едно толку критчно прашање“, затоа што Европската народна партија чиј член е Нова демократија официјално го поддржува настанот.
– Во исто време кога Нова демократија на сите страни разгласува дека не сака решавање на спорното прашање и не е подготвена да прифати каква било употреба на терминот „Македонија“ од соседната земја, учествува преку Европската народна партија во иницијативи што ја признаваат ПЈРМ со името „Македонија“. Ова е невидена политичка и дипломатска апсурдност, пишува во соопштенето од СИРИЗА во кое бараат лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис , Европската народна партија и сите вмешани страни да дадат објаснување и да преземат соодветни корективни мерки.
Заедо со соопштението, СИРИЗА ги објави и фотографиите од флаерот