Воените вежби меѓу Јужна Кореа и САД беа причина власта во Пјонгјанг еднострано да ги откаже разговорите со јужниот сосед.
Северна Кореа информира дека заради вежбите би можело да биде откажан и состанокот со претседателот на САД.
Иако Пентагон уверува дека воената вежба е рутинска и со одбранбен карактер, во Северна Кореа оценуваат дека воената вежба е закана бидејќи претставува проба за можна инвазија врз земјата.