Риз Витерспун ќе продуцира документарец за Мартина Навратилова

Познатата глумица Риз Витерспун ќе продуцира документарен филм за поранешната тениска ѕвезда Мартина Навратилова и нејзиниот активизам за човекови права.

165

Познатата глумица Риз Витерспун ќе продуцира документарен филм за поранешната тениска ѕвезда Мартина Навратилова и нејзиниот активизам за човекови права.

Имено, чешко-американската тенисерка по пензионирањето стана ревносна поборничка за правата на маргинализираните општествени групи, посебно за ЛГБТ заедницата. Во 1981 година, таа и јавно изјави дека е една од нив, објави „Дејли Меил“.

– Постигнувањата на Мартина се извонредно значајни во областа на феминизмот, женската атлетика, еднаквоста на геј лицата низ целата планета, како и за правата на мигрантите, изјави новинарот Глен Гринволд, кој и самиот е деклариран хомосексуалец и учесник во проектот.

Правата за прераскажување на животната приказна на Навратилова ги откупи Хелоу Саншајн, продукциската куќа на Витерспун.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...