Продолжението на легендарниот филм – „Рамбо 5“ ќе биде најнасилен

339

Актерот Силвестер Сталоне потврдил дека работи на петото продолжение на филмот за Рамбо, во кој познатиот филмски јунак се пресметува со мексикански наркокартел.

Според деталите од приказната, новото продолжение се опишува како „Рамбов насилен пат во пеколот“ во кој тој го уништува злосторничкиот наркокартел.

– Доаѓа нешто многу зло – напишал Сталоне на својот Инстаграм профил, со промотивна фотографија од филмот „Рамбо 5“.

Филмот би требало да се најде во кината наесен во 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...