Иста како мајка и, прекрасна е. Двете сте како близначки, се само некои од коментарите на фотографијата на која се наоѓа Епл Мартин (14), ќерка на Гвинет Палтроу.
Актерката сподели фотографија по повод роденденот на својата ќерка.
– Среќен роденден мое драго девојче. Ти си најжива, најсмешна и најубава млада жена. Со тебе секој ден ми е како Божиќ. Ти си неверојатна мислителка и текстописец. Ти благодарам што сеуште се дружиш со мене, иако веќе имаш 14 години – напиша Палтроу во честитката.