Кинез со ампутирани нозе го освои Монт Еверест

Втор човек Шеесет и деветгодишниот Бојусега е вториот човек без двете нозе што се искачил на Монт Еверест, но првиот човек што го направил тоа од непалската страна.

456

Кинескиот алпинист Шија Боју, кому и двете нозе му се ампутирани и носи протези, го оствари својот голем сон да го искачи врвот Мон Еверест и да го заокружи овој подвиг по серија безуспешни обиди.

Шија успеал да стигне до највисокиот врв на светот на 8.848 метри, во својот петти обид. Кинезот се искачил на врвот во 8.26 часот по локално време, според објава на неговиот син на кинеската платформа за пораки „Вичет“.

– Мојот татко го искачи Монт Еверест во 8.26 часот! Тој го оствари својот 40-годишен сон! – напиша синот на Шија, Клауд.

Водич на Шија му бил шерпасот Мингна, ветеран алпинист од Непал, кој успешно, при првиот обид, ги искачил 14-те највисоки планини во светот. Дополнителна поддршка биле уште единаесет шерпаси.

– Ја сакам планината. Ќе се борам за неа до крајот на мојот живот – изјавил алпинистот пред да почне со успешното искачување.

Подвигот на Шија доаѓа по неуспешниот обид на владата во Непал да им забрани на одредени групи луѓе да се искачуваат на планината. Во обид да ја зголемат безбедноста и да се справи со гужвата на планината, минатиот декември властите забранија искачување на лица под 16 години, на лица со слепило и со инвалидитети, но по тужба од граѓани, со објаснување за прекршување на конвенција на ОН, судот ја суспендира забраната.

Несреќа, болест

На Шија му биле ампутирани двете нозе под колената откако страдал од смрзнатини во неуспешната експедиција на Монт Еверест кога имал само 25 години, во 1975 година.
Таа година се случило невреме во таканаречената зона на смртта, блиску до врвот, на висина над 8.000 метри, кога Шија со својата екипа останале заглавени три дена. По инцидентот, на Шија Боју му биле ампутирани само стапалата, но подоцна останал без двете нозе целосно поради лимфом, редок облик на рак. Но неговата желба да го освои Монт Еверест, никогаш не го напуштила.

Шеесет и деветгодишниот Боју сега е вториот човек без двете нозе што се искачил на Монт Еверест, но првиот човек што го направил тоа од непалската страна.
Пред него, аплинистот со две ампутирани нозе што го освои Мон Еверест во 2006 година беше Марк Инглиз од Нов Зеланд.

„Покривот на светот“

– Да стигнам до врвот е мојот сон. Тоа е мој личен предизвик и предизвик на мојата судбина – изјавил неодамна алпинистот Шија Боју.

Новата сезона на освојување на Монт Еверест е во полн ек. Временските услови засега се поволни, а до крајот на сезоната околу 700 алпинисти ќе се обидат да дојдат до „покривот на светот“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...