Израел го протера турскиот конзул во Ерусалим

582

Израел го протера турскиот генерален конзул во Ерусалим, соопшти денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Емануел Нахшон.

Тој инфромира дека турскиот конзул бил повикан во Министерството и било побарано од него „да се врати во Турција на одреден период заради консултации“.

Одлуката на Израел уследи откако претходно денеска Турција соопшти дека побарала од израелскиот амбасадор во Анкара, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“,

Турскиот вицепремиер и владин портпарол Бекир Боздаг по вчерашната седница на Владата информира дека амасадорите на Турција во Израел и САД биле повикани да дојдат на консултации во Анкара. Амбасадорот на Турција во Израел, Кемал Јокем попладнево допатува во Анкара.

Израелскиот министер за разузнавање Израел Кац барањето на Турција амбасадорот Наех „времено да ја напушти земјата“ го оцени како „лицемерно“.

– Најголемиот поттикнувач – претседатлот на Турција, (Реџеп Тајип) Ердоган, кој е поддржувач на Муслиманското братство, како и на Хамас и на Иран, кој е најголем подджувач на теророт, го протерува нашиот амбасадор од неговата земја. Лицемерието нема граници – изјави Кац.

Тој додаде дека Израел ќе продолжи да ги штити своите граници од терористите од движењета Хамас и Исламски џихад, кои „ги загрозуваат израелските граѓани“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...