Турција побарала од израелскиот амбасадор во Анкара да се врати во Израел, „на некое време “, изјавиле извори од турското министерство за надворешни работи.
Одлуката за враќање на израелскиот амбасадор назад во Израел донесена е откако израелските безбедносни сили убиле повеќе од 60 Палестинци во текот на протестите на границата меѓу Израел и Газа.
Турција, која го критикуваше насилството во Газа и вчерашното отворање на Американската амбвасада во Ерусалим, ги повика на состанок Организациите за исламска соработка, а своите амбасадори од Вашингтон и Тел Авив назад на консултации.