Над 250 фирми пројавиле интерес за пари од Фондот за иновации

Со средства во висина до еден милион денари ќе се поддржат проектите за обука и стручно усовршување на млади лица.

187

Во организација на Регионалната стопанска комора – Штип денеска Фондот за иновации ги презентираше четирите мерки од веќе објавениот оглас за добивање средства за иновативни проекти и кои ќе покажат економски развој.

Над 250 микро, мали и средни претпријатија, меѓу кои и текстилни и кожарски компании, досега пројавиле интерес за аплицирање за средства од Фондот за иновации и технолошки развој, во рамки на третиот столб од планот на Владата за економски раст и развој.

Мирјана Георгиевска од Фондот за иновации и технолошки развој вели дека на фирмите на располагање им се вкупно 185 милиони денари, наменети за кофинансирање предлог проекти, кои содржат иновативни компоненти и осовременување на производствениот процес.

– За првиот инструмент, кој што е наменет за микро и мали претпријатија кофинансирањето е во износ од 30 проценти и максимален износ по предлог проект до 10 милиони денари, рече Георгиевска.

Вториот инструмент е наменет за микро претпријатија, за предлог проекти до пет милиони денари и кофинасирање до 30 проценти.

– Кај третиот инструмент од страна на Фондот кофинансирањето е максимално до 70 проценти за предлог проект до 20 милиони денари – додаде Георгиевска.

Со средства во висина до еден милион денари ќе се поддржат проектите за обука и стручно усовршување на млади лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...