Фондацијата Отворено општество се сели од Будимпешта во Берлин

159

Фондацијата Отворено општество го затвора седиштето во Будимпешта и го сели во Берлин, поради, како што наведуваат оттаму, наметнувањето ограничувања врз невладиниот сектор од страна на Владата во Унгарија.

– Унгарската влада ја оцрнува и погрешно ја претставува нашата работа и спроведува репресии на цивилното општество поради своите политички цели, користејќи тактики без преседан во Европската унија – истакна Патрик Гаспард, претседател на Фондацијата.

Владата на премиерот Виктор Орбан соопшти дека ќе го заострат законот за невладините организации по големата победа на владеачката партија на изборите минатиот месец, што секако ќе предизвика незадоволство во Европската унија и групите за човекови права. Со законот, на министерот за внатрешни работи му се овозможува да ги забрани активностите на невладината организација доколку процени дека нивната работа во полето на миграцијата претставува национално безбедносен ризик. Покрај тоа, сите организации што ги подржуваат мигрантските текови, ќе мораат да платат 25 отсто од донациите што ги добиваат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...