Формирана Асоцијација на професионалци во јавните набавки

Асоцијацијата ќе се залага да обезбеди што повеќе искуства од областа на јавните набавки за нејзините членови и партнери, да се создаде околина на добра пракса и примена на Законот за јавните набавки и неговите подзаконски акти и друго.

276

Во Скопје деновиве е формирана првата Асоцијација на професионалци во јавните набавки (АПЈН) во Република Македонија.

Како што соопшти Асоцијацијата, целта е давање придонес за градење и одржување на ефикасен и транспарентен систем за јавни набавки во земјата согласно европските директиви, насоки и упатства, како и националното законодавство од областа на јавните набавки и добрата пракса во оваа област, промовирање и развој на струката на идентитетот на струката, залагање за унапредување на професијата на јавните набавки и подобрување на знаењето на лицата вклучени во процесот на јавните набавки во земјата согласно националното и ЕУ законодавство.

Оваа асоцијација ќе се залага да обезбеди што повеќе искуства од областа на јавните набавки за нејзините членови и партнери, да се создаде околина на добра пракса и примена на Законот за јавните набавки и неговите подзаконски акти и друго.

Асоцијацијата ги повикува во нејзината работа да се вклучат сите заинтересирани страни, фирми, експерти и соработници од институциите, преку поддршката и заедничка поголема промоција на јавните набавки.

Повеќе информации за Асоцијацијата, чиј претседател е Борче Христов, може да се добијат на веб страната www.apjn.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...