Над 23.400 тутунари од четврток можат да очекуваат субвенции

Во однос на просечната откупна цена на тутунот, оваа година се постигна убедливо највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм.

542

Исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017 –та ќе почне во четврток, информираат од Министерството за земјоделство.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, моментлано подготвува решенијата за исплата.

Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

Во однос на просечната откупна цена на тутунот, оваа година се постигна убедливо највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм.

Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.

Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција.

Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...