Ново од „Кожувчанка“ – „Изворска спорт“ во 0,75 л

283

„Кожувчанка“ ДОО, како компанија, во Република Македонија, важи за една од компаниите што секогаш ги следи светските трендови, се надградува и подобрува во поглед на квалитет и новитети.

Брендот „Изворска“ во еко амбалажа, е со чист, едноставен дизајн, а решението за ребреста амбалажа ја прави лесно рециклирачка за секој корисник.

„Изворска“, како бренд, покрај пакувањата од 1,5L , 1L, 0,5L, 6L и 10L во ПЕТ амбалажа и 0,33L во стакло, на пазарот сега е присутна и со новата амбалажа од 0,75L „Изворска спорт“.

Новитетот „Изворска спорт“ од 0,75L има капаче во форма на цуцла, за комплетно спортско уживање и за сите генерации.

Водата е полнета од најчистиот предел, локалитетот Васов град – Кожуф планина, додека компанијата „Кожувчанка“ со нејзините производи е синоним за традиција и квалитет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...