ОКТА ја зголеми продажбата во првиот квартал од годинава

Продажните количини на домашниот и на странскиот пазар се одвиваа со стабилен тек, што придонесе кон соодветно зацврстување како на домашниот така и на странскиот пазарен удел.

359

ОКТА АД – Скопје го заврши првиот квартал од 2018 година, со приходи од продажба во износ од 5,2 милиони денари, споредбено со 5,1 милиони денари од истиот период минатата година, како резултат на повисоките интернационални цени на горивото.

„Продажните количини на домашниот и на странскиот пазар се одвиваа со стабилен тек, што придонесе кон соодветно зацврстување како на домашниот така и на странскиот пазарен удел. Прилагодената ЕБИДТА изнесува 50 милиони денари, во споредба со 93 милиони денари во првиот квартал од 2017 година, главно поради пониските маржи кои произлегоа од повисоките дисконти остварени како резултат на промените во структурата на плаќање. Загубата пред оданочување во првиот квартал од 2018 година изнесува 41 милион денари, споредено со добивката пред оданочување од 22 милиони денари за истиот период минатата година, поради веќе споменатите причини елаборирани претходно во текстот“, информираат од ОКТА.

Ликвидноста на компанијата, како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое и обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитни линии кои ги има на располагање.

Дополнително, раководството на ОКТА внимателно ги следи предизвиците како и состојбите, и проактивно планирајќи, постојано има за цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со горива со највисок квалитет на локалните и соседните пазари, додека во исто време продолжува да ја движи компанијата напред преку искористување на можностите кои ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...