Премиерата на филмот „BlacKkKlamsman” на Спајк Ли на Канскиот фестивал беше проследена со долг стоечки аплауз од публиката, иако критичарите се поделени.
Имено, американската критика е воодушевена од американскиот филм за црнецот Рон Столворт кој како полицаец на тајна задача успеал да се инфилтрира во расистичкиот Кју Клукс Клан (ККК), па и да стане еден од водачите во нивниот огранок во Колорадо. Француските критичари, пак, не се премногу воодушевени од филмот.
Главните улоги во оваа крими-комедија ги толкуваат Џон Дејвид Вошингтон и Адам Драјвер.