Енергетските компании ќе доставуваат извештаи и за поплаки на граѓаните

Регулаторната комисија за енергетика добива силен механизам со кој ќе се зајакне контролата на квалитетот на услугата на операторите на дистрибутивната и преносната мрежа кон крајните потрошувачи.

164

Компаниите кои дистрибутираат енергија ќе доставуваат годишни извештаи до Регулаторната комисија за енергетика и за поплаките на граѓаните во врска со снабдувањето со енергенси како и за непрекинатото снабдување. Ова го предвидува амандманот на членот 28 на новиот Закон за енергетика усвоен денеска на собраниската Комисија за економски прашања.

Со ова, акко што беше речено на седницата се обезбведува поголема заштита на потрошувачите и корисниците на системите за пренос и дистрибуција на енерија.

Амандманот го предложија група пратеници и предвидува операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија секоја година до Регулаторната комисија за енергетика да доставуваат извештаи со статистички податоци за непрекинатост на испораката на енергија и за квалитетот на услугата, како и за бројот на приговорите од корисниците на системите и потрошувачите што се однесуваат на непрекинатост во испораката на енергија и за квалитетот на услугата.

– Досега, конторолор на квалитетот на услугите кои ги даваат операторите беше единствено Регулаторната комисија. Регулаторната комисија имаше задача да ги воспостави и следи индикаторите SAIFI (Индикатор за просечен број на прекини во дистрибутивниот систем) и SAIDI (Индикатор за просечно времетраење на прекин по потрошувач) и согласно добиените податоци да интеревенира за да го подобри нивото на услуга на операторите. Регулаторната комисија за енергетика, тоа не го правеше и затоа е добро оваа обврска на комисијата да биде законски регулирана, а не да се остава на добра волја и желба на комисијата – рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој потенцираше дека со вметнувањето на амандманот, Регулаторната комисија за енергетика добива силен механизам со кој ќе се зајакне контролата на квалитетот на услугата на операторите на дистрибутивната и преносната мрежа кон крајните потрошувачи.

Операторите ќе доставуваат извештаи за поплаките кои ги добиваат од граѓаните и во однос на тие извештаи ќе мора да го подобруваат квалитетот на услугите. Доколку операторите не интервенираат во насока на подобрување на услугите кон крајните поторшувачи, Регулаторната комисија за енергетика добива право да одземе дел од приходот на операторите на дистрибутивната и преносната мрежа, согласно Законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...