Заев и Сугарески ја означија изградбата на делницата Градско-Дреново

Проектот Градско-Дреново е финансиран во рамки на ИПА 2, преку грант во висина од 26.5 милиони евра, а неговото завршување се очекува во средина на 2020.

655

Почна изградбата на делницата Градско-Дреново, која е втора од вкупно планираните три фази за изградба на експресниот пат Градско – Прилеп. Новата делница е во должина од 16 километри, со инвестиција од 23 милиони евра, обезбедени од фондовите на ЕУ.

– Ние нашите преземени обврски од овој проект ќе ги реализираме. Ќе ги отстраниме слабостите коишто досега ги имаше и ќе продолжиме понатаму – изјави премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на почетокот на работите.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески нагласи дека изградбата на патот е значајна за сите жители од Градско, Росоман, Кавадарци, Прилеп, но и за сите други кои гравитираат во овој регион.

– Експресниот пат ќе се гради по сите безбедносни и технички стандарди што дава сигурност дека безбедноста за сообраќај ќе биде на највисоко ниво. Ова го потенцирам бидејќи сите знаеме во какви услови се вози во овој патен правец рече Сугарески.

Во своето обраќање пред присутните амбасадарот на Европската Унија во Македонија, Семуел Жбогар истакна дека трансевропската патна мрежа, која што е столб на европскиот внатрешен пазар добива форма.

Проектот Градско-Дреново е финансиран во рамки на ИПА 2, преку грант во висина од 26.5 милиони евра, а неговото завршување се очекува во средина на 2020.

Според најавата на Владата, годинава ќе се инвестираат околу 270 милиони евра во изградба, реконструкција и рехабилитација на преку 60 патни правци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...