Заев побарал германската КФВ банката да ги кредитира енергетските проекти

На средбата е истакната досегашната исклучително плодна соработка меѓу Германија и Македонија, а како најсилна потврда е подвлечена поддршката што КФВ банката ја дава особено во сферата на животната средина, енергетскиот сектор.

301

Проектите од областа на енергетиката, и тоа ветерните електрани, како и инфраструктурата и развојот на руралните средини, како најатрактивни му биле понудени на тимот  на германската КФВ во Скопје на  денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Владината прес служба соопшти дека Заев истакнал дека Германија е сериозен економски партнер на нашата земја со трговска размена од 3,6 милијарди долари во 2017 година.ги посочил податоците за економската размена со Германија и оценил дека оваа земја  е сериозен економски партнер на нашата земја со трговска размена од 3,6 милијарди долари во 2017 година.

На средбата е истакната досегашната исклучително плодна соработка меѓу Германија и Македонија, а како најсилна потврда е подвлечена поддршката што КФВ банката ја дава особено во сферата на животната средина, енергетскиот сектор, локалната инфраструктура, водоснабдувањето и отпадните води, како и за проектите за одржлив економски развој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...