Горивата поскапуваат за еден до два денари

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи, цената на „еуросупер БС - 98“ да се зголеми за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари.

179

Малопродажните цени на горивата од полноќ се зголемуваат од еден до два денара.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи, цената на „еуросупер БС – 98“ да се зголеми за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари, цената на  „еуросупер БС-95“ се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 71,50 денари, додека на „еуродизелот“ се зголемува за еден денар и ќе биде 63 денари за литар.

Цената и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар и ќе изнесува 52 денара.

Се зголемува и цената на мазутот за 2,1 денар за килограм. Новата цена ќе изнесува 32,13 денари за килограм.

Регулаторната комисија појасни дека ваквите цени се резултат на поцисоките цени на суровата нафта на светските берзи во изминатите две недели.

Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 дена изнесуваше 75,134 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 51,30 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...