Манекенка се бори за живот по операција за отстранување на масното ткиво

–Нејзиното семејство не знаело дека таа оди на пат во Турција за таму да направи липосукција.

1195

Бразилската манекенка Лизијан Гутиерез (32), која пред две години го обвини раперот Крис Браун за физичко напаствување, наводно се бори за живот.

Според странските медиуми, девојката тајно заминала во Турција за естетска операција, наводно инсистирајќи на отстранување на масно ткиво. Во текот на операцијата дошло до комплиакции, а манекенката завршила на одделот за интензивна нега, во индуцирана кома.

– Нејзиното семејство не знаело дека таа оди на пат за липосукција. Имала реакција на анестезијата, но навистина не знам детали – изјавил член на семејството кој сакал да остане анонимен.

Манекенката прво се обидела да направи операција во Америка, но неколку хирурзи ја одбиле зашто немала доволно масти и сметале дека операцијата не е потребна.

ФОТО: инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...