Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјавил дека САД мора да обезбедат безбедносни гаранции за лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.
Помпео се сретна со Ким минатата недела во Пјонгјанг, што беше претходница на состанокот на севернокорејскиот лидер со американскиот претседател, Доналд Трамп, што ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур.
Целта на Трамп е Северна Кореја да се ослободи од нуклеарната програма на траен и проверен начин, наведува „Асошиејтед прес“ и додава дека САД за возврат се спремни да ѝ помогнат на оваа осиромашена нација да ја зајакне економијата.
Одговарајќи на прашање дали САД гарантирале дека Ким Џонг-ун ќе може да остане на власт ако ги исполни американските барања, Помпео навел дека на севернокорејскиот лидер ќе му бидат потребни некакви гаранции.