Израел победи на Евровизија, демонстрант улета на сцената ВИДЕО

За време на изведбата на Сури, претставничката на Велика Британија, маж улета на сцената во Аптис Арената во Лисабон. Човекот со ранец, успеа да помине низ обезбедувањето, скокна на сцената, го зграпчи микрофонот и извика „Нацисти во британските медиуми, бараме слобода”.

2801

Претставничката на Израел, Нета, е победична на Евровизија 2018.

Таа беше и најголемиот фаворит на европските кладилници за победа на 63-то издание на овој музички фестивал.

Второто место го освои Кипар, а на третото се пласираше Австрија. Во финалната вечер настапија вкупно 26 земји, додека македонските претставници „Ај Кју“ не успеаа да се пласираат во финалето.

Нета победи откако беа соберени поените од стручното жири и од телефонското гласање во сите земји.  Како Македонија ги распореди поените од Скопје соопшти ланската претставничка Јана Бурческа. 12-те македонски поени завршија на контото на Естонија. На Израел, Македонија му даде само еден поен.

Финалната вечер не помина без инцидент. За време на изведбата на Сури, претставничката на Велика Британија, маж улета на сцената во Аптис Арената во Лисабон. Човекот со ранец, успеа да помине низ обезбедувањето, скокна на сцената, го зграпчи микрофонот и извика „Нацисти во британските медиуми, бараме слобода”. Тој за кратко време беше тргнат од сцената, а пејачката продолжи со настапот.

Како што објави BBC, на британската пејачка и било понудено да го повтори настапот, но таа одбила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...