Меган Маркл ќе стане војвотка, а татко ѝ живее во сиромаштија во Мексико

1180

Вниманието на светската јавност е свртено кон кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл, но ретко кој знае во каква сиромаштија живее нејзиниот татко.

Ваквите информации британските таблоиди ги извадија на површина откако таткото на Меган, Томас Маркл допатувал во Лондон за да ја испрати неговатa ќерка до олтарот.

Иако е татко на идна војвотка, неговиот живот е далеку од луксузен. Откако Томас се пензионирал, се преселил во Мексико поради ниските даноци и поевтината кирија и храна.

Тој живее во Сан Антонио дел Мар, мал град помеѓу Тихуана и Росарита, реон со ниско ниво на безбедност односно со висока стапка на убиства на годишно ниво. Квартовите во тој град наликуваат на оние кои сме ги гледале во телевизиските сапуници, пишуваат британските медиуми.

Според пишувањата, таткото на Меган живее во мала куќа. Пред да се пензионира, наводно тој имал заштедено само 160 долари, па тоа е причината што решил да се пресели во далеку поевтиното Мексико.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...