Мјанмар се претвори во воено поле, во судири настрадаа 19 лица

100
ФОТО: EPA/STRINGER

При судири меѓу армијата и бунтовниците денеска во северниот дел на Мјанмар загинаа 19 лица, а 24 се повредени, меѓу кои има и жени.

Според извор од армијата на Мјанмар, земјата станала воено поле на повеќе бунтовнички групи од различни етноси.

Војската не потврдува колку меѓу жртвите се бунтовници, војници и цивили.

ФОТО: EPA/STRINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...