Шилегов во „Само вистина“: Наследив тројца инспектори, а дури 13 шофери ВИДЕО

Наследив нефункционална јавна администрација, нефункционални јавни претпријатија и долг од 2,85 милијарди денари, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов во денешното интервју во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

1747

Наследив нефункционална јавна администрација, нефункционални јавни претпријатија и долг од 2,85 милијарди денари, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов во денешното интервју во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

– Во градската администрација имате, на пример, 2-3 инспектори за животна средина и 12-13 шофери. Јавните претпријатија во изминатиот период биле места каде што се згрижувал партискиот кадар, а не установи што се во служба на граѓаните – рече Шилегов и додаде дека за претходната градска власт се водат три кривични постапки за несовесно работење.

Градскиот татко демантираше дека на Дрисла ќе се депонира отпад од струшката депонија и рече дека станува збор за лажна вест креирана од опозицијата.

Шилегов рече дека не се откажува од инсталирањето на зип-лајн ни од тунелите под Кале. Тој рече дека бара поевтин начин за да се размонтираат галиите, иако проценката е дека тоа ќе чини околу пет милиони евра, бидејќи ако останат ја зголемуваат опасноста од поплава, а штетата во тој случај би била десетици милиони евра.

Скопскиот градоначалник зборуваше и за паркингот на Водно, ревизиите на ДУП-овите, загадувањето и сечењето на зеленилото во градот.  За манифестацијата „Ден на дрвото“, која новата власт ја укина, рече дека била сведена на перење на пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...