Скандал во Белата куќа: Неговото мислење не е важно, тој и онака умира!

1806

Помошникот на шефот за односи со јавност на Белата Куќа, Кели Седлер, грубо се пошегувала со здравствената состојба на американскиот републикански сенатор, Џон Мекејн, кој има тумор на мозокот, изјавувајќи дека неговото спротивставување за предлог – кандидатот на претседателот Трамп за директор на ЦИА, „не е важно бидејќи тој и онака умира!“, пренесува Алсат од светските медиуми.

Помошничката Седлер таквите зборови ги кажала на состанок зад затворени врати, пред дваесетина нејзини соработници, но никој не знае како протекла снимката од средбата.

На оваа вест набрзо пристигна реакција од сопругата на Мекејн, која на твитер напиша кратка, но остра порака:

„Ве потсеќам дека мојот сопруг има семејство, 7 деца и 5 внуци“.

Од Белата куќа се обидоа да го ублажат скандалот посочувајќи дека:

„Почитуваме сѐ што сенаторот Мекејн има сторено за нашата земја. Во овие тешки моменти, се молиме за него и за неговото семејство.“

Сенаторот Мекејн (81) е познат по острите критики на политиката на американскиот претседател, Доналд Трамп, иако се од иста партија

Минатата година му беше дијагностициран агресивен облик на тумор на мозокот и од тогаш се наоѓа на домашна нега во својот дом во Аризона.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...