Георгина Чепмен, поранешнаа сопруга на осамотениот холивудски продуцент Харви Вајнстин прв пат проговори за магазинот „Вог“ за тоа како реагирала кога дознала дека нејзиниот сопруга злоставувал десетици жени.
– Еден дел од мене е неверојатно наивен, очигледно многу, многу наивен – изјавила таа и додала дека се заљубила во Харви бидејќи бил харизматичен, паметен и хуман.
„Имам моменти на бес, конфузија и неверување. А потоа едноставно плачам поради своите деца. Како ќе изгледаат нивните животи после ова? Што ќе зборуваат луѓето за нив?“.
Чепмен и Вајнстин имаат две ќерки – седумгодишната Индија и петгодишната Дешјел.
Ана Винтур, уредничката на „Вог“ застана во одбрана на Георгина изјавувајќи дека ја познава од 2004 година и оти е сигурна дека за другото лица на својот сопруг не знаела до сега.