Вулканот Мерапи во Индонезија утрово исфрли пепел и друг вулкански материјал во висина од 5.500 метри.
Нема информации за жртви, а локалната власт апелираше да се евакуира населението кое живее пет километри од кратерот.
Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава висок е 2.968 метри и е најактивен од 500 вулкани во Индонезија. При последната ерупција на Мерапи во 2010 година загинаа 347 луѓе.
Индонезија се наоѓа во така наречениот огнен појас на Пацификот каде се судираат тектонските плочи што предизвикува чести земјотреси и голема вулканска актвивност.
well… hope everyone is safe out there #Merapi #Volcano pic.twitter.com/Wh3q7ar7OX
— Anggoro Surjohudoro (@AnggoroSjdr) May 11, 2018