Впечатливиот свештенички изглед на Ријана можеби го украде шоуто во понеделникот на „Мет Гала“ – годишен добротворен собир за прибирање на средства за Институтот за костуми при Метрополитен музејот на уметност во Њујорк – но сепак, нашето внимание го освои еден фустан, еко-пријателскиот на Жизел Бундшен.
Оваа година, во чест на темата, „Небесни тела: модата и католичката имагинација“, Жизел Бундчен го растресе гала собирот со златниот фустан од 100 отсто сертифицирана органска свила и памук. И не само што беше без токсични хемикалии, туку ткаенината беше обоена еколошки. Дури и патентот беше без олово, никел и боја. Зборувајте ми за небесно!
Пензионираната супер моделка одамна е застапник на чување на животната средина и работи со Пол Хоукен, активист за заштита на животната средина, во решавање на проблемите предизвикани од климатските промени и борбата против уништувањето на шумите.
И додека познати личности како Бундшен можат да направат најновите модни трендови да изгледаат беспрекорно, во самата текстилна индустрија работите не стојат така. Во процесто на изработка на една памучна маица потребни се 2.700 литри вода, што значи дека облеката и текстилната индустрија всушност се втор по големина загадувач во светот.
Жизел Бундшен не е првата што црвениот тепих го направи зелен.Иницијативата за еко фустани првпат беше лансирана во 2010 година од еко-активистката Ливиа Фирт, основач на одржливата модна консултантска група, Еко-Ејџ. Именувана од ОН за лидер на промените, самата Фирт на гала вечерта се појави во двечен фустан направен од рециклирани пластични шишиња и алтернатива на природна кожана, Piñatex, која ги користи влакната од лисја од ананас за да создаде уникатна ткаенина.
Во 2016 година, Ема Ватсон не се плашеше да се појави во рециклирана пластика. Поставата на на фустанот содржеше органска свила и памук, а патентот беше направен од рециклирана пластика.
Лупита Нионго исто така се појави во блескав фустан направен целосно во Њујорк од органски текстил и рециклиран пластичен патент.
Колку и да ни се допаѓаат убавите светкави свечени облеки и сандали, сепак се надеваме дека овој тренд на одржлива мода ќе продолжи и ќе покаже колку и таа може да биде извонредна.
Посготви: А.Ј.