Грција дозволи геј парови да чуваат деца. Парламентот денеска го изгласа Законот со кој на геј двојките им се дозволува да чуваат и згрижуваат деца, но не и да ги посвојат.
Законот и покрај противењето на десницата беше изгласан со 161 глас „за“ и 103 „против“, а од 300 пратеници во салата присуствуваа 264. За Законот гласаа владејачката СИРИЗА и левичарската опозиција.
– Ова е мал чекор од страна на Владата, која вети многу повеќе – вели Григорис Валијанатос, ветеран на хомосексуалната кауза во Грција потсетувајќи дека премиерот Алексис Ципрас како опозиционер ветил дека ќе предложи законски чекори за решавање на хомосексуалните бракови и посвојувањето на деца од геј парови.