ЕУ бара спас од американските санкции врз Иран за своите компании
По најавата за повлекување на САД од договорот со Иран, во Брисел владее паника за европските компании кои прават бизнис со Техеран откако без укинати дел од санкциите во 2015 година, јави дописничката на МИА од Брисел.
Повеќе европски дипломати деновиве ги брифираат новинарите за можните одговори на ЕУ за повелкувањето на САД од меѓународниот договор со Иран.
Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија треба се сретнат со ирански претставници во Лондон в понеделник за да ги разгледаат опциите кои се на маса.
Во меѓувреме неизвесно е како големите европски компании како Тотал, Ербас или Фолксваген ќе можат да ги избегнат американските санкции, бидејќи откако стапи во сила договорот со Иран склучени се повеќе бизнис зделки со иранските компании. Американската администрација им даде три до шест месеци да ги прекинат односите, во спротивно ќе се соочат со санкции од страна на САД.
Повеќе опции се во оптег, брифираат дипломатите во Брисел, како барање алтернатива на финансирањето во американски долари, преку Европската инвестициска банка на пример. Друга опција правна, а тоа е да се стави на маса европско законодавство кое ќе ги блокира американските санкции. Слично законодавство беше употребено во времето на американското ембарго врз Куба, како и за време на санкциите против Либија и Иран. Но, ова решение е политички почувствително, коментираат дипломатите, и самиот ризик од тензии со САД би можел да ги натера европските компании да се повлечат, без разлика на европските обиди за спас.
Американскиот амбасадор во Германија твитна дека „германските компании кои имаат бизнис во Иран треба веднаш да ги сопрат операциите“. Овој твит беше примен со гнев и во Германија и во другите европски претстолнини.
Тензиите со САД околу Иран ќе бидат на дневен ред на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија идната недела.
As @realDonaldTrump said, US sanctions will target critical sectors of Iran’s economy. German companies doing business in Iran should wind down operations immediately.
— Richard Grenell (@RichardGrenell) May 8, 2018